Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот, санкционирани се 32 прекршоци, од кои 19 поради неисправен уред за запирање…
Како што денеска информираа од МВЕ упатени се на вонреден технички преглед 200 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.