Две лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на излезот од Битола, на магистралниот пат што води кон Прилеп.
МИА дознава дека во сообраќајката, евидентирана во 16.15 часот, учествувале две патнички возила со битолски и прилепски регистарски таблици, а животот го загубиле две лица.
Сообраќајот на патниот правец Битола – Прилеп во непосредна близина на бензинската станица „Пелагонија“ е во прекин се додека не заврши истрагата за причините за тешката сообраќајна несреќа и возилата се пренасочуваат на околните патишта.