Кина денеска објави документ на Глобалната безбедносна иницијатива (ГСИ), кој се потпира на концептот на „неделлива безбедност“. Документот го предложи кинескиот претседател Си Џинпинг.
Во документот, што го објави агенцијата Синхуа, се нагласува дека ширењето на мирот и безбедноста во светот мора да биде стремеж на сите земји.
„Кинеската иницијатива има за цел да ги елиминира проблемите кои водат до меѓународни конфликти, да ја подобри контролата врз глобалната безбедност и да ги поттикне заедничките меѓународни напори за обезбедување поголема стабилност во ерата на промени“, се наведува во документот.