Латас: Жалам ако некого повредив, секој има право да ги толкува работите на свој начин

Драган Павловиќ – Латас денеска во изјава за Канал 5 рече дека жали ако некого повредил со изјавата во подкастот на Стефан Лазаров, но и дека секој има право да ги толку работите на свој начин. Според Латас, целта на овој настан е тој да се тргне од јавноста.

-Мене ми е лично жал ако некој се почувствувал навреден или повреден или повикан од тоа. Секој има право да си тумачи на свој начин и да ги гледа работите на она што ние го кажуваме или покажуваме. Јас можам да се извинам на тие луѓе кои се осетиле навистина навредени и повредени и го виделе тоа видео, а не прочитале наслов или некој им кажал, рече Латас.

Тој додаде дека и водителот и тој кажале дека никој од нив во неговиот исказ не препознале дека станува збор за раскажување на некое силување, бидејќи не станувало збор за силување.

-Но, тоа ќе го кажаме таму каде што не повикаа, вели Латас.

Обвинителството денеска информираше дека поднело обвинение против двајцата кои ги товари за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста. Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување, велат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави