На 20.02.2023 полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Д.К.(19) од Скопје.
Тој се сомничи дека во периодот помеѓу 15 и 18.02.2023 на ул.„Рузвелтова” одзел велосипед, сопственост на Ж.Т.М. од Скопје и дека ноќта помеѓу 10 и 11.07.2022 одзел велосипед на ул.„Методија Андонов Ченто”, сопственост на В.Т. од Скопје, по што ги продал на А.Н.(44) од Скопје.
Во службен разговор во полициска станица Д.К. ги признал делата. Во полициска станица на службен разговор бил повикан и А.Н., а кај него биле пронајдени одземените велосипеди, кои биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.