СДСМ: Кога ВМРО-ДПМНЕ го обвинува својот потпретседател Муцунски да не го меша СДСМ

Обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека со сопружници се полни правосудството сметаме дека е дирекна порака до нивниот потпретседател Тимчо Муцунски.


На ранг листата за генерација кандидати од Академијата на судии може да се прочита дека се наоѓа кандидатката за судијка Симона Муцунски-Бубевска, сопруга на Тимчо Муцунски, градоначалникот на Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.


Ако ВМРО-ДПМНЕ сака да му прати некаква порака на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, тоа нека го направат јавно и да не ја мешаат СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави