Соработникот на Димова доби условна казна – треба да врати 15.000 евра на Агенцијата

Александар Гочев, соработникот на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова, кој призна вина е условно осуден на затворска казна, но треба да исполни два услови.

Две годни да не направи ново кривично дело, но и во рок од шест месеци да врати 15 илјади евра во касата на Националната агенција.

Поранешната директорка се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Гочев призна вина, а Димова најави дека ќе ја докажува својата невиност пред суд.

Треба да знаете
Последни објави