Фудбалерот на Барселона и на шпанската репрезентација, Ансу Фати, изјави дека намера да си оди од „Камп Ноу“.
„Имам договор со Барселона до јуни 2027 година, и се надевам дека ќе останам тука уште многу години“, изјави Фати.
Фати е продукт на славната фудбалска академија на Барселона, Ла Масија, а сезонава одигра 33 натпревари во сите натпреварувања, но на само 10 од нив беше стартер.
Поради слабите игри сезонава и честите повреди, шпанските медиуми минатиот месец пишуваа дека Барселона може да на крајот од сезоната да го продаде Фати, а интерес за него пројавија премиерлигашите Манчестер јунајтед и Арсенал.