Децата и сопружниците на функционерите од власта на СДС и ДУИ го полнат правосудството. Власта ги претвори судовите и обвинителствата дом за згрижување на семејствата на функционерите.
Талат Џафери е на чело на Законодавниот дом, и прв во законодавната власт, а неговиот син Барлет Џафери станува нов јавен обвинител, шеф ќе му биде кадарот од ДУИ Исалм Абази, чија сопруга исто така станува јавен обвинител.
Каде на друго место во Европа сопругот е шеф на Јавното обвинителство, а сопругата јавен обвинител вработена во негово време?
Нов обвинител е и ќерката на обвинителката за организиран криминал Гордана Смаќоска, Билјана Смаќоска, а нов судија Драган Јосифовски, син на обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска.
Нови обвинители ќе бидат и синот на судијата Енвер Беџети, Јетмир Беџети, како и синот на судијата во Вишиот Управен суд Субхи Јакупи, Илир Јакупи.
Власта на СДС и ДУИ не само што го партизираше правосудството, туку од него направи и дувло на непотизам.
Како може граѓаните да веруваат во правосудството, кога децата и сопружниците на политичарите кои се причина за состојбата во која се наоѓа државата ќе делат правда?
Која правда може да ја очекува народот, кога правосудството има метастаза од непотизам? Потребни се коренити промени и мерит систем, каде ќе се вреднува квалитетот.