Избори ќе има 2024 година. Ние сме сериозно насочени кон зголемување на парламентарното мнзинство. Ќе се покаже зголеменото проевропско мнзинство од страна на СДСМ и сите оние политички партии кои и мислат на добро на државата, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија.
Костовски нагласи дека парламентарното мнозинство е зголемено, што ќе се види кога маратонските и непотребни расправи и говори на опозицијата во Собранието ќе завршат.
Граѓаните ова мора да знаат. Ова мнозинство ќе расте и понатаму. Пред нас е историскиот момент и тоа одважно го кажуваме, дека сме го почнале патот на решавање на сите битни историски прашања и никогаш не сме се криеле во глувчевшки дупки. Нашите деца ќе будат благодарни за она што го правиме денеска. Досега јасно и гласно за уставните измени се определиле над 70 пратеници, рече Костовски.
Пратеникот Костовски нагласи дека на ВМРО-ДПМНЕ му пречи внесот на Бугарите во уставот и уставните измени, бидејќи со тоа ќе падне тезата дека сме еден народ со Бугарите.
Ние велиме ние сме Македонци, тврдам дека веќе има крило во ВМРО-ДПМНЕ кое е против Христијан Мицкоски, кое не се сложува за „не” за уставни измени, нагласи Ксотовски.
Костовски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ се удира во гради дека има голем рејтинг, но треба да има одговори на граѓаните со што ќе излезе на избори.
Треба да им кажете на граѓаните дали ќе го отфрлите францускиот предлог и како ќе ја европеизирате Македонија, дали ќе го поништите преспанскиот договор, дали ќе го раскинете договор за добрососедство и како ќе бидете подобри соседи. Ова ви е главна расправа во секој партиски штаб, со цел само за да го држите она членство што се уште не сте го вработиле во општините, видејќи само тоа го прават вашите градоначалници, ништо не работат само трпаат партиски кадри, рече Костовски.
Пратеникот Костосвки истакна дека повеќе нема голема македонска опозиција, откако ВМРО-ДПМНЕ го напуштија Стевчо Јаќимовски, Данела Арсовска, Алијанса.
ВМРО-ДПМНЕ е заложник на Димитар Апасиев со националистичка политика, со искривување на вистината со злоуотреба на собраниската говорница, со немање храброст да се погледнат во очи историските одлуки што значат многу за македонскиот народ и македонската држава, порача пратеникот Мартин Костовски.
На тема за довербата во судството и непотизмот во оваа сфера, Костовски кажа дека судиите мора да се соочат со институтот казнивост.
Ако можат сите граѓани да се соочат со казнивоста, тогаш мора и судиите. Чекам листа со одговори како дошло до оваа селекција на кандидати, рече Костовски и се осврна и на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за таа тема.
Дали ВМРО-ДПМНЕ имаше некаква порака кон Тимчо Муцунски чија сопруга е исто така меѓу избраните кандидати. Дали е Муцунски закана за кариерата на Христијан Мицкоски или нов лидер, запраша Костовски.