Во Скопје денеска ќе се одржи панел дискусија „Искоренувањето на ракот на грлото на матката – како да го унапредиме здравјето на жените и девојките во Северна Македонија“.
Панел дискусијата ја организираат Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во соработка со Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Рош Македонија Скопје.
На настанот ќе се дискутира за можностите за справување со ракот на грлото на матката и
за унaпредување на женското репродуктивно здравје преку подигнување на свеста за ова
заболување, како и за постоечките услуги и за зајакнување на националните партнерства и создавање на ефективни мерки базирани на докази.