Публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ од авторките Василка Димитровска, Душица Брачиќ и Ленче Димовска во издание на ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција на културата, денеска ќе биде промовирана онлајн на страниците на ХАЕМУС на социјалните медиуми.
Автор на илустрациите е Бисера Наумовска.
Промоцијата на „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ претставува вовед во претстојната јубилејна десетта по ред традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2023“ во организација на ХАЕМУС.
Публикацијата е изработена со кофинансиска поддршка од Министерството за култура, како проект поддржан на Годинешниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2022 година.