Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска во вечерашното гостување во „Топ тема“ истакна дека синот на првиот парламентарец Талат Џафери кој сега е на листата за обвинители положил правосуден испит без завршен факултет, но дека нема механизми како ваквите случаи да се санкционираат.
-Точно е дека ја запревме постапката за конкретниот случај отворен за Барлет Џафери ние утврдивме тоа што утврдивме го обелоденивме случајотр во јавноста дека неговиот правосуден испит му е дозволено да го полага пред да ги има добиено тие 300 кредити односно пред да има магистрирано, значи тука е проблемот. Имало злоупотреби во случајот, меѓутоа сето тоа се случува пред 8 години и се третира како веќе застарен и нема против кого да поднесеме било што, нагласи Ивановска.
Ивановска додаде и дека документите поднесени во министерството за правда не се чуваат повеќе од една година и не постојат алатки како да се казнат ваквите случаи.
-До толку што документите поднесени до министерство за правда се изгубени, не се изгубени туку не се чуваат повеќе од една година. Иако сметам дека и тоа е погрешно. Проблемот го лоциравме ние кај Универзитетот како давал степен на образование седум кроз еден за 180 кредити, и кој му дозволил понатаму да полага правосуден испит без да ги има 300 кредити. Нема алатки како да ставиме некоја казна, но иако е запрена постапката тоа ни отвара врата да видиме понатаму дали е Барлет изолиран случај или не. Тој Универзитет во период од 4 години има 400 такви уверенија издадено, понатамошна анализа ќе оди да видиме дали има и други такви факултети и да се извршат вонредни инспекциски надзор, истакна Ивановска.