Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Учениците и наставниците се евакуирани, а екипи на антитерористичките единици на МВР вршат контрола врз објектите.
Вчера имаше дојави во повеќе објекти низ Скопје, меѓу кои хотели, музеи, станбени згради, трговски центри, па и во претседателската палата, но сите закани беа лажни.