Откако беше истакната првата официјална кандидатура за функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, всушност веќе од првите најави дека кандидат ќе биде Драган Џајиќ, се крена голема прашина бидејќи Џајиќ излезе како кандидат против Немања Видиќ. чија официјална кандидатура се очекува во наредните денови.
Околу целата ситуација се јави и Немања Матиќ кој вели дека Џајиќ е принуден или уценет…
„Не знам колку е познато дека стадионот во Уб по мој предлог го доби името по нашиот Драган Џајиќ и дека НИКОЈ не може да го смени фактот дека тој беше и остана гордост на Уб. Верувам дека Џаја некако бил принуден или можеби уценет да ја прифати кандидатурата за претседател на ФСС. Господа од Звезда, кога ние Тамнавци потајно се надевавме дека ќе се сеќавате на Џаја и ќе го предложите за претседател на сојузот, вие го поддржавте Кокеза. Сега, кога Драган има блиску осумдесет години, го изложувате на непотребен стрес. Сите ние во Уб стравуваме за здравјето на Џаја и се надеваме дека ќе го надмине ова понижување од клубот на кој му даде се. Драган, никогаш не заборавајте дека вашите сонародници се секогаш со вас и дека Јединство ве очекува на вашиот стадион во сабота. Што се однесува до Немања Видиќ, јас вчера го поддржав, денеска и утре ќе го поддржувам затоа што мислам на развојот на српскиот фудбал во следните 20 години. Засега тоа е од мене“, напиша Немања Матиќ.