Во рамките на хуманитарната кампања на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) „Споделувањето ја намалува болката” испратени се 28 шлепери со помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес на 6 февруари. Досега вкупно се собрани 250.000 евра кои се префрлени на сметката на Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАТ).
Покрај финансиската поддршка од страна на членовите на МАТТО, испратени се и ќебиња, грејни тела, нова зимска облека, пелени, бебешка храна, вода, градежна машина – багер.
Од МАТТО посочуваат дека хуманитарната кампања продолжува и понатаму. Донации можат да се уплатат на следните сметки:
-МКД сметка: 270-0641538507-69
– Ибан: MK07270722000058274
– Свифт: EXPCMK22