НБА Ол-стар натпреварот во 2023 година привлече најмал број гледачи во историјата на кошаркарскиот настан. Мечот на ѕвездите одигран викендот во Солт Лејк Сити имаше оценка 2,2 и публика од 4,59 милиони на TNT и TBS, според „Sports Media Watch“.
Јанис Адетокунбо го напушти теренот во првата минута од натпреварот, бидејќи имаше повреда на скочниот зглоб. Леброн Џејмс заработи повреда на прстот на натпреварот и не играше во вториот дел. Стеф Кари беше надвор од теренот поради повреда.
Минатата сезона рејтингот на настанот беше 3,1, а бројот на гледачи 6,28 милиони.
Претходниот анти-рекорд беше поставен на Ол-стар натпреварот во 2021 година, кој покажа рејтинг од 3,1 и собра телевизиска публика од околу 6 милиони гледачи.