Поранешниот албански претседател, Илир Мета, повикан во СПАК

 Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, денеска се појави во Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК.

-Тука во СПАК, донесов десетици обвинувања, со потпис, со печат, затоа со големо задоволство дојдов овде. Неколку пати се јавив на СПАК да дејствува против корупција, изјави Мета пред да влезе во зградата.

Сепак според медиумите Мета (54) кој беше претседател на Албанија до 24 јули минатата година, повикан е да даде исказ по повеќето поднесени пријави против него.

Според АБЦ њуз во јуни минатата година против Мета пријава поднел поранешниот пратеник Халит Валтери поради перење пари и прикривање на сопственоста на зградата на партијата Движење за социјалистичка интеграција, сега Партија на слободата.

-Исто така, СПАК почна кривична постапка за лобирање во САД со 670 илјади американски долари непријавени пари на Илир Мета и Моника Круемади, врз основа на пријава поднесена исто така од Валтери. Уште една кривична постапка, покрената по пријава на адвокатот Идајет Беќири, е регистрирана за извршени естетски услуги од страна на Мета и неговата сопруга Моника Круемади во клиника во Сан Марино и Австрија со непријавени пари. Потсетуваме дека во април 2022 година СПАК повторно го отвори досието ЧЕЗ-ДИА за кражба на народни пари, наведува телевизијата. 

Треба да знаете
Последни објави