СДСМ: Изградивме и реконструиравме 82 училишта, воведовме субвенциониран студентски оброк

Во реплика на денешната собраниска седница, пратеничката Даниела Николова се осврна на реализираните мерки и полити ки на СДСМ кои се однесуваат на образованието, на младите и студентите

„82 се изградени или реконструирани, со опремени кабинети во нив, ангажирани се 725 образовани асистенти, воведовме субвенциониран оброк за студентите, а стипендиите ги покачивме. Од друга страна Младинската гаранција и Младинскиот додаток овозможија намалување на младинската невработеност, но вие од ВМРО-ДПМНЕ тоа не сакате да го видите” порача Николова.

Николова посочи дека тоа е сосема различен однос од оној ВМРО-ДПМНЕ кога во нивно владеење се тепаа и апсеа студенти, а младите се иселуваа надвор од државата. 

Треба да знаете
Последни објави