По една година во странство, поранешниот македонски репрезентативец Марко Симоновски се враќа во домашната кошарка.
До крајот на сезоната, тој ќе биде член на ТФТ Моцарт кој вчера се раздели со Џермејн Бишоп кој се пресели во Порторико. Последен клуб на Симоновски во Македонија беше Кожув каде играше во првиот дел од сезоната 2021/22.
По заминувањето од Гевгелија, замина во Иран, во екипата на Кузестан каде остана два месеца, а крајот на минатата сезона го дочека во францускиот второлигаш Мориен. И новата натпреварувачка ја дочека во Иран, но во Нобог Арак од каде си отиде во ноември поради граѓанската војна која беснееше во оваа азиска држава. Оттогаш беше без клуб иако постоеше интерес од неколку македонски прволигаши.