Јасикевичиус мора да ја освои Евролигата доколку сака да остане во Барселона

Кошаркарскиот клуб Барселона му поставил ултиматум на тренерот на тимот, Шарунас Јасикевичиус. Според медиумите, Литванецот ќе ја предводи Барселона и наредната сезона само доколку ја освои титулата во Евролигата.
Барселона моментално е трета во континенталното натпреварување, има одличен тим, кој цела сезона игра по системот „топло-ладно“.

Тоа го покажува и неодамна завршениот Куп на кралот, каде Барселона во четврт-финалето беше елиминирана Уникаха.

Сега им останува битката за домашното првенство и Евролигата, а доколку не ја освојат втората, Јасикевичиус би можел да биде заменет со Серхио Скариоло, кој исто така е на листата на желби на Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави