Иако трофејниот германски фудбалски стратег Јирген Клоп ја имаше целосната поддршка од раководсквото на анлискиот премиерлигаш Ливерпул, клупата му се затрес по синоќешниот дебакл на „Енфилд“ од Рела Мадрид (2:5) во осминафиналето од Лигата на шампионите. Англиските медиуми пласираат информации дека дел од раководството на Ливерпул сериозно размислува за негова смена.
Како што објавуваат медиуми на Островот, во клупските структури веќе се разгледувала опцијата за „освежување“ и дел од раководството има впечаток дека постои презаситеност, посебно кај поголем дел од фудбалерите кои во последниот период ја „загубиле гладта за победи“. Клоп на „Енфилд“ пристигна во 2015 година.
На „Енфилд“ не само што сакаат Клоп да замине, туку веќе имаат и желба кој да го наследи, без оглед дали тој спогодбено би си заминал на крајот на сезонава, би добил отказ или сам би го отстапил местото на неговиот сонародник – Јулијан Нагелсман. Актуелниот тренер на Баерн Минхен, Нагелсман ја нема целосната доверба во најтрофејниот бундеслигаш, но трофеите го држат на позицијата.
Се потенцира дека клупското раководство на Ливерпул од знак на голема почит кон Клоп и неговите осум години во кои го трансформираше клубот во голем играч, донесе трофеј во ЛШ и прва титула откако постои Премиерлигата, очекува сам да се повлече како голем играч.