Волстрит журнал: Кинескиот претседател планира да се сретне со Путин во Москва следните месеци

Кинескиот лидер Си Џинпинг планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во следните месеци, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на извори запознаени со планот.

Средбата на Си со Путин ќе биде поврзана со напорите за мировни преговори во кои би учествувале повеќе земји, а Кина ќе го повтори апелот да не се користи нуклеарно оружје, тврди Волстрит журнал.

Подготовките за патувањето се во рана фаза и времето се уште не е финализирано, пишува весникот, додавајќи дека Си би можел да ја посети Москва во април или почетокот на мај, кога Русија ја слави победата над Германија во Втората светска војна.

Високиот кинески дипломат Ванг Ји пристигна во Москва вчера, бидејќи земјата се чини дека ги засилува своите дипломатски напори да се заложи за мировно решение во Украина. 

Треба да знаете
Последни објави