Петгодишно девојче избодено до смрт во близина на парк, уапсено момчето кое ја чувало

Полицијата во Германија уапси момче (19) поради сомнение дека со нож избодел петгодишно девојче и и нанел смртоносни повреди.

Девојчето е пронајдено со убодни рани во близина на паркот во Панков, Берлин, каде си играла со своите браќа и сестри. Недолго откако беше пронајдено девојчето, таа им подлегна на повредите.

Според германските медиуми, уапсениот млад човек бил задолжен да се грижи за девојчето.

Тој бил пријател на семејството и неколку пати бил ангажиран да се грижи за девојчето и нејзините браќа и сестри.

„Мајката на осомничениот и мајката на убиеното девојче се пријатели“, изјави полициски извор.

Засега не е познато зошто младиот човек му нанел повреди опасни по живот на детето.

„Под изговор дека девојчето морало да оди во тоалет, осомничениот го напуштил паркот со неа, а од луѓето кои биле во паркот побарал да внимаваат на останатите три деца. Кога се вратил, девојчето не било со него.Тој тогаш кажа дека го изгубил девојчето“, изјави извор од истрагата.

Не се знае кој го пријавил исчезнувањето на девојчето, како и дали осомничениот учествувал во потрагата по неа.

Полицијата денеска вршеше увид во паркот во кој си играше детето и каде беше пронајдено со убодни рани.

Треба да знаете
Последни објави