Потпишана реагионална Спогодба за потраги и спасување во воздухопловството

Агенциите за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, Република Србија, Република Словенија и Република Црна Гора денеска во Охрид ја потпишаа Спогодбата за потраги и спасување како дел од заедничките операции на земјите од регионот во цивилната авијација.

Со Спогодбата се зајакнува меѓусебната соработка на ниво на Агенции во градење, развој на капацитети, размена на искуства и знаења, подобрување на оперативната прекугранична соработка.

Директорот на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев истакна дека со ова се врши хармонизација на операциите за спасување во земјите од регионот со што постапките се интегрираат во еден ефикасен систем за обезбедување на потребните ресурси во цивилната ацијација, постапки целосно усогласени со стандардите на Еуроконтрол.

Свое обраќање имаше и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој истакна дека регионалната соработка е од исклучително значење за поставување на високопрофесионлани стандарди во цив возд..

„Имајќи предвид дека е потребен оранизиран систем за потрага и спасување на воздухоплови и лица во опасност како операции од висок ризик,  денешниов собир е само потврда дека ние земјите од регионот работиме на усогласување на домашните легислативи во обезбедување на потребните ресурси за овој тип на операции. Развојот на авиосообраќајот и воздухопловството во Република Северна Македонија е високо на агендата на Владата и во таа насока создаваме услови да креираме долгорочен и ефикасен систем на организирање на цивилната авијација.“ – изјави министерот Бочварски.

Тој исто така потенцираше дека Владата на Република Северна Македонија го усвои Законот за воздухопловство преку кој се подигнуваат стандардите во воздухопловната дејност.

Треба да знаете
Последни објави