Ристески: Почина пациентка од сепса, лекари протестираат, оваа власт го урна здравството

„Последен случај од здравството кој ја потресе јавноста е смртта на 52 годишна пациентка од Прилеп. Случајот според информациите е последица на инфекција во Болницата во Прилеп поради што се затворени сите операциски сали. Додека здравството оди напред, во Македонија ние зборуваме за смрт на пациенти поради болнички инфекции. Недозволиво! Оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја тресат скандали“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Тој вели дека „вести кои ги продуцира власта предводена од Димитар Ковачевски се само вакви – смрт на пациенти, немање лекови, и секако колабирањето на здравствениот систем. Нешто што се случува за прв пат во независна Македонија“.

„Хакирањето на Фондот за здравство доведе до низа проблеми кои директно ги почувствуваа граѓаните, меѓу другото не се даваа навремено лекови, не се исплаќаа боледувања, а доцнеа и платите за здравствениот персонал. Оној персонал кој недостасува во државата, кој секојдневно заминува на работа главно во здравствените институции во Европа, а никој не е заинтересиран да го задржи во земјава. Но, лагите на власта предводена од СДС и ДУИ, нереализирањето на дадените ветувања денес резултираа и со продолжување на протестите на медицинскиот персонал. Овој персонал само сака да го потсети Ковечевски дека неговото однесување и однесувањето на неговата екипа која се грижи само за лични и партиски интереси не смее да ги остави на цедило. Не смее да се повтори доцнење на платите, а власта треба да си ги реалзира ветувањата за зголемување на основната плата. Доста крадевте од народот“ порача Ристески.

Треба да знаете
Последни објави