Собранието доцна вечерва во рамки на 104-тата седница го започна претресот по предлогот за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. Нешто пред 23 часот, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина седницата, а за нејзиното продолжение, како што кажа, пратениците дополнително ќе бидат известени. За збор пријавени се вкупно 39 пратеници.
Пратеникот Хусни Исмаили од Алтернатива во своето обраќање рече дека се плаши оти во блиска иднина и пратениците од Алијанса за Албанците ќе бидат разочарани од власта како што се сега тие зашто зборот на премиерот, како што рече, ништо не вреди, а неговата политика се сведува на математика.