Бугарија и Грција се земјите од ЕУ, во кои процентот за поддршка на финансирањето и испраќањето на воена опрема во Украина е најмал, покажува анкетата „Стандартен евробарометар“, која беше објавена во пресрет на првата годишнина од почетокот на руската агресија во Украина.
Само во три држави од Унијата, мнозинството од испитаниците не го поддржуваат финансирањето и испраќањето на воена опрема во Украина.
Во Грција 59 отсто од испитаниците се против, Бугарија со 57 отсто и Словачка со 56 отсто. Во Бугарија, 33 отсто се за финансирање и воена помош за Украина, а 10 отсто се воздржани.
Во исто време, 65 отсто или две третини од жителите на ЕУ ги одобруваат овие мерки, пренесе БНР.бг.