Четири лица загинаа, а повеќе од 16.000 беа повредени кога циклонот Фреди го погоди Мадагаскар. Циклонот стигна на копното во вторникот вечерта, со ветрови со брзина од околу 130 километри на час.
Невремето дојде на копно северно од Мананџари, крајбрежен град со 25.000 жители, кој сè уште е разорен од минатогодишниот циклон Батсирај, во кој загинаа повеќе од 130 луѓе низ целата држава.
Светската програма за храна на ОН соопшти дека повеќе од 2,3 милиони луѓе на Мадагаскар би можеле да бидат погодени од Фреди, а циклонот потоа ќе помине низ Мозамбик и Зимбабве на африканското копно.
Властите соопштија дека островската држава, која е навикната на циклони и тропски бури, вовела мерки за намалување на загубите на животи.