Во одговор на пратеничко прашање вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја има измислено корупцијата во Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ е мајка и ти татко и баба и дедо на корупцијата во Македонија, тие имаат докторирано на корупција. Лоповлук од прв до последен ден, затоа знаат најдобро каде е медот за да ги стават рачињата. Затоа секој ден бараат да дојдат на власт, не за да и помогнат на Македонија да стане членка на ЕУ, туку медот им е останат во мерак“ порача Груби, нарекувајќи ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, деца на Сашо Мијалков и Никола Груевски.