Европската комисија им забрани на вработените да користат „Tик-тoк“

Европската Комисија му забрани на персоналот да ја користи кинеската апликација „Тик-ток“ од безбедносни причини, по најновиот пример на растечките тензии меѓу Пекинг и Западот, јавуваат медиумите во регионот.

Западните влади, според написите, се вознемирени од доказите дека кинеските технолошки компании и помагаат на Комунистичката партија и нејзините разузнавачки служби да собираат огромни количини на податоци ширум светот – со посебен фокус на високи политички и безбедносни цели.

Висок функционер изјави за „Политико“ дека во четвртокот наутро, на целиот персонал му е наредено да го отстранат „Tик-ток“ од нивните официјални уреди, но и од нивните лични уреди доколку на нив има инсталирано апликации поврзани со работата.

Членовите на персоналот мора да ги избришат деловните апликации од нивните приватни уреди доколку инсистираат да го задржат „Tик-тoк“.

Другите институции на Европската унија, вклучително и Советот и Парламентот, веројатно ќе го следат примерот во забраната на кинеската апликација, иако може да потрае многу подолго за Европскиот парламент да спроведе таква политика.

Забраната најверојатно ќе биде јавно објавена на редовниот пладневен брифинг на Комисијата, стои во написите. Соединетите Американски Држави веќе го забранија „Тик-ток“ на многу владини уреди, додека Холандија размислува за забрана.

Треба да знаете
Последни објави