Откако замина во Ал-Наср во Саудиска Арабија и стана најскапиот фудбалер во историјата, со плата од 200 милиони евра по сезона, јасно беше дека Кристијано Роналдо нема да игра само фудбал, ама малку кој очекуваше да заигра и – оро.
Во сите промотивни обврски кои ги има како големо фудбалско име се најде и вчерашното прославување на националниот ден на Саудиска Арабија. Како дел од тимот на Ал-Наср и Роналдо се облече во свечени, традиционални алишта и со сабја в рака сврти оро со шеиците, во знак на празникот.