Денеска (23.02.2023) во 10.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека утрово влегол во приватен имот на улица „Моша Пијаде” и одзел повеќе предмети.
Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.