Меѓународен симпозиум за високо образование на тема „Да си го вратиме просторот за дигитални информации“ ќе се одржи денеска во Скопје, организиран од Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС, во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
Како што е најавено, претставници на академската заедница, експерти за медиумска писменост и млади истражувачи и активисти од САД, ЕУ и Западен Балкан ќе дискутираат за тоа како образованието за медиумска писменост треба да држи чекор со технологијата, кои вештини се клучни за младите во ерата на дигитални информации, како и улогата на медиумската писменост во поттикнувањето на граѓанска вклученост.
Настанот ќе го отвори директорката на ИКС, Жанета Трајкоска, а обраќање ќе има и претставничката на Канцеларијата на УСАИД, Џери Дајбл.