Во процедурално обраќање, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека тој лично ја разбира нивната нервоза, затоа што се што најавуваа на крајот не им успеа.
„За крајот на февруари најавивте ново мнозинство, но на крајот се случи спротивното и сега сте нервозни” порача Митрески.
Пратеникот Митрески повика на смиреност кај пратениците.
„Кога ќе се спомнуваат зборови како пион, кога ќе се спомнуваат сопруги и деца, не знам како очекувате да ви биде одговорено. И како што се силите по ходници кој кому што кажал и како го анвредил, очекувам да се силите и овде на говорница, а не да бидете најголеми плачковци кога се кажува вистината” порача Митрески.