Навивач на ПСВ влета на терен да го тепа Дмитровиќ па изеде ќотек од голманот на Севиља

Неверојатна сцена беше забележана денес во натпреварот од Лигата на Европа во натпреварот помеѓу ПСВ и Севиља кој заврши со победа од 2:0 за домаќините.

Хулиган успеа да помине покрај обезбедувањето и да го нападне српскиот голман, Марко Димитровиќ.

Голманот, сепак успеа да му возврати на навивачот, го собори на земјата и го држеше додека не пристигнаа лицата од обезбедувањето.

Треба да знаете
Последни објави