Стоперот на Лајпциг, хрватскиот фудбалски репрезентативец Јошко Гвардиол, одигра одличен меч во првата осминафинална пресметка од Лигата на шампионите против англискиот премиерлигаш Манчестер сити (1:1). Хрватот кој имаше забележителн настап и на неодамнешното СП каде со неговата селекција стаса до „бронзата“ продолжи со добрите игри и на клупски план. Синиќа го неутрализира голегетерот на „граѓаните“ Ерлинг Халанд, а и постигна импресивен израмнувачки гол со кој обезбеди реми за својот тим.
Не е тајна дека Гвардиол сака да го напушти Лајпциг и да замине во Англија. Тој го изјави ова во неодамнешното интервју за „Тајмс“, во кое откри и дека бил несреќен кога Лајпциг минатото лето ја одби понудата на Челси за него.
По феноменалната партија на Гвардиол против шампионот на Англија, новинарите го прашаа Марко Розе, тренерот на германскиот тим, дали неговиот стопер заминува на лето.
„Гвардиол ќе остане и следната сезона. Јошко ми рече дека е среќен овде. Да, тој рече дека сака да игра во Англија, но не откри кога“, одговори тренерот на Лајпциг.