Вакцината против грип покажа невообичаено добри резултати во сезоната на зимски грип во САД, сугерираат раните проценки.
На вчерашниот состанок на американскиот Центар за контрола и превенција на болести беше речено дека вакцините се за повеќе од 40 проценти поефикасни во спречувањето возрасните да заболат од грип.
Експертите се задоволни ако вакцината против грип е ефикасна од 40 до 60 отсто, но еден од нив на состанокот рекол дека не е задоволен и укажал на потребата од подобри вакцини.
Во САД се препорачуваат годишни вакцини против грип за сите постари од шест месеци. Според податоците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести, околу половина од децата кои ги исполнуваат условите и нешто помалку од половина од возрасните примиле вакцина против грип во изминатите неколку месеци.
Претставниците на Центар за контрола и превенција на болести соопштија дека стапката на вакцинација се зголемила споредено со 2021-2022 година, но е под нивото на кое беше пред пандемијата со коронавирусот.
На почетокот изгледаше дека сезоната на грип може да биде лоша. Меѓу децата, стапката на хоспитализација поради грип беше висока во ноември и декември, како и во претходните години. Пријавени се најмалку 111 смртни случаи меѓу децата заболени од грип.
Доминантниот сој на грип е тип вирус кој најчесто се поврзува со повисоки стапки на хоспитализација и смртност, особено кај постарите лица. Во некои години, вакцините беа практично неефикасни против тој сој кај лица постари од 65 години, но вакцината се покажа необично добра оваа сезона, со најдобри резултати во последните 10 години.