Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска пристигна во Кие, каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на првата годишнина од рускиот напад врз оваа земја, соопшти неговиот кабинет, пренесува „Ројтерс“.
Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес во средата им објави на пратениците во долниот дом дека Мадрид ќе ѝ испорача на Украина шест борбени тенка „Леопард 2А4“ од германско производство откако ќе бидат ремонтирани, а испораката се очекува на крајот на март или почетокот на април.
Санчез дојде во Украина по ветувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден дека ќе испрати воена помош од 500 милиони долари за Киев за време на ненадејната посета и средбата со Зеленски во понеделникот.
Во вторникот италијанскиот премиер Џорџо Мелони го посети украинскиот главен град на средба со Зеленски кому му вети дека ќе продолжи да дава поддршка во отпорот на руските напади.