Со нови 31 милион долари финансиска поддршка, Соединетите Американски Држави продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата.
Овој финансиски пакет следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО.
Од почетокот на одбранбената соработка до 2022 година САД го поддржаа развојот на одбраната и Армијата со 160 милиони долари, а само во последната година Северна Македонија доби дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.
🇲🇰🤝🇺🇸 Нови 31 милион долари сојузничка поддршка од САД, за модернизација, опремување и развој на Армијата.
Од 1996 – 2022 г. 🇺🇸го поддржаа развојот на Армијата со 160 мил. $, а само последната година 🇲🇰доби 137 мил. $ 🇺🇸поддршка.
📌Уште еден доказ за силните, пријателски врски.— Slavjanka Petrovska (@SlavjankaPetrov) February 23, 2023