Се урна руски борбен авион

Рускиот борбен авион „су-25“ се урна во регионот на Белгород по завршување на борбена мисија, соопшти руското Министерство за одбрана. Како што се наведува, авионот паднал во ненаселена област и не е причинета штета.

„Според прелиминарните податоци, причина за катастрофата е технички дефект“, соопшти Министерството.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, изјавил дека авионот се урнал во градскиот округ Валујск.

Според него, на самото место работат увидна екипа и службеници од Министерството за вонредни состојби.

Не е познато што се случило со пилотите.

Треба да знаете
Последни објави