Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Од недела ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер и ќе има локални врнежи од дожд.