СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.А.(50) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 од Кривичниот законик.
На 06.10.2022, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чучер Сандево.
Притоа, на местото бил затекнат пријавениот како тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како физичко лице или како трговец поединец и без да поседува Дозвола за вршење дејност за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.