Маричиќ: И Албанија имаше тешки услови за почеток на преговорите, мораа да го распуштат целиот судски систем

„Тешки се условите за почеток на преговорите и не е праведно , но и Албанија исто така имаше тешки услови. Тие мораа да го распуштат целиот судски систем и од ново да ги поставуваат сите судии во рок од три или четири години“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во неговото интервју на „Макфакс“.

Тој додаде дека нам не ни беше дозволено да се прави таква реконструкција на судството, поради искуството од Албанија.

„Албанија тоа го правеше со поддршка од ЕУ и беше блокирана со години бидејќи не можеше да избере Уставен и Врховен суд. Поучени од тие лекции, препораката од ЕУ беше ние да не го правиме тоа“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека државата имала директна насока од ЕУ да не се прави реизбор во судството без одобрение од ЕУ бидејќи за тоа немало да добиеме поддршка.

Треба да знаете
Последни објави