„Јавноста беше изморена од антиквизацијата и од спорот со Грција кои траеше 10 години. Ние решивме да не чекаме 10 години за да решиме некој проблем. Верувајте, многу покомотно ќе беше за Владата наместо да прифаќа тешки услови, да каже ништо не прифаќаме, ќе го ставиме Гоце Делчев на местото на Александар на плоштад и 10 години ќе владееме на таа тема“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во неговото интервју на „Макфакс“.
Тој додаде дека ветото наместо во рацете на Париз, Атина или Софија сега е во наши раце, за што се бореше Владата – да не зависиме од Бугарија, туку од себе. „Условите се тешки и не е праведно, немојте да мислите дека нам, кои сме седеле на та маса и сме се договарале ни било лесно и едноставно, напротив. Многу беше тешко, затоа што сфаќавме дека условите се навистина претешки. Но, тоа беше единствената шанса, единствениот начин да ги почнеме преговорите. Време е да ги препознаваме тие шанси и да ги искористиме. Ние во минатото имаме многу пропуштени шанси“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека сега не е одлука на Бугарија дали ќе ги отвориме поглавјата од преговорите со ЕУ, туку е на нас, ако не ги изгласаме уставните измени тогаш сами ќе се блокираме.