Се чини дека Кристијано Роналдо тешко се справува со сообраќајниот хаос во Саудиска Арабија.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како автомобилот на Роналдо вози по тротоар и влегува на главна улица додека другите возачи нервозно свират.
„Легендата Кристијано Роналдо вози по тротоар. Се надеваме дека ќе биде уапсен што е можно поскоро“, пишува на снимката што се појави на „Твитер“.
Но Роналдо многу тешко ќе заврши во затвор поради ова, можно е да добие само парична казна. Инаку, во Ријад живеат над 7 милиони луѓе, па сообраќајот е многу често хаотичен.