Дури пет земјотреси се регистрирани утрово во Турција, за само еден час.
Првиот и најсилен земјотрес бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, а потоа следеле серија послаби земјотреси, од кои најслабиот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.
Да потсетиме, оваа земја беше погодена од два разорни земјотреси на 6 февруари, кои однесоа повеќе од 50.000 животи во Турција и соседна Сирија.
Повеќе од десетици илјади згради беа срамнети со земја, а сега е во тек уривањето на тешко оштетените објекти.
По разорните земјотреси Турција беше погодена од повеќе од 7.000 последователни потреси,пренесе Телеграф.рс.