Зеленски се расплака говорејќи за војниците кои се борат за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја одбележа првата годишнина од руската инвазија со солзи за илјадниците војници кои загинаа во руската инвазија.

Во студено и облачно утро, 45-годишниот претседател им се обрати на вооружените сили на плоштадот Св. Софија, во близина на катедралата со зелено-златна купола како симбол на цврстината и издржливоста на градот.

„Се гордеам со вас. Со сите кои се борите за Украина, сакам да ви кажам (…) горд сум на вас. Сите ние, секој од нас, се гордееме со вас“, рече Зеленски, задржувајќи ги солзите додека ги одликуваше војниците со Орден на херојтсво на Украина. При интонирањето на државната химна присутните ги наведнаа главите со едноминутно молчење, а Зеленски плачеше.

https://imasdk.googleapis.com/js/core/bridge3.557.0_en.html#goog_786818009

Украинскиот претседател на жителите секојдневно им се обраќа со пораки снимени на неговиот смартфон и на овој начин комуницира и со светот, барајќи што поголема меѓународна поддршка во пари и оружје.

Во 15-минутното видео, објавено во медиумите и со наслов „Година на непобедливоста“, тој вети дека ќе го победи непријателот.

„Најдолгиот ден во нашите животи. Пред една година на денешен ден, од ова исто место околу седум часот наутро, ви се обратив со куса изјава, која траеше само 67 секунди“, рече тој во својот говор, а во позадина свиреше празнична музика.

„Ние сме силни. Подготвени сме на сè. Ќе победиме“ – вака започна 24 февруари 2022 година.

„Се разбудивме рано и јас се засолнив. Оттогаш не спиев“, рече тој.

Западните воени претставници ги проценуваат жртвите на двете страни од најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна на повеќе од 100.000 убиени и ранети. Десетици илјади цивили исто така загинаа, додека милиони избегаа од заканата од борби.

Зеленски ја опиша 2022 година како година на отпор, храброст, болка и единство.

„Ги трпиме сите закани, гранатирања, касетни бомби, крстосувачки ракети, беспилотни летала, прекини на струја и студ. Но, посилни сме од тоа, преживеавме. Не сме поразени. И ќе направиме се за да победиме оваа година“, рече Зеленски.

Треба да знаете
Последни објави