Михаило Подољак: Мировниот план мора да вклучува повлекување на руските трупи на границите од 1991 година

Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска изјави дека секој план за ставање крај на руската војна во Украина мора да вклучува повлекување на руските трупи до границите од 1991 година.

„Секој „мировен план“ што ќе вклучува само прекин на огнот и, како резултат на тоа, нова демаркациона линија и продолжување на окупацијата на украинските територии не зборува за мир, туку за замрзнување на војната и пораз на Украина“, напиша тој на Твитер,пренесе Ројтерс.

Подољак посочи дека е познат ставот на Украина – повлекување на руските војници на границите од 1991 година.

Треба да знаете
Последни објави