Во раните утрински часови на 24 февруари минатата година, кога руските тенкови влегоа во Украина, на светот му запре здивот. Русија се обидува да потчини независна европска земја и со сила се обидува да ги прекрои границите во Европа. Овие настани го означија почетокот на една нова ера. Мрачна војна на европско тло. Апсурдна, нелегитимна и нелегална агресија врз независна и суверена држава и невини луѓе, во 21 век, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.
-Вчера се вратив од Украина и во мене носам различни чувства – ужасност, бес за тоа што го видов.
Разурнати домови, детски градинки, детски игралишта. Го видов и возилото во кое четиричленото семејство се обидува да избегне убијци.
За жал, не успеале, сурово се убиени. Ги видов и злосторвствата во Буча, измачени и убиени граѓани.
И покрај овие слики и траорната глетка, се враќам од Украина охрабрена дека Украина ќе победи, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.